Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

НЕЗАДОВОЛСТВО ВО БУГАРИЈА: Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО

Бугарските медиуми се шокирани затоа што Радмила Шекеринска е избрана за втор човек на НАТО, а не нивната Марија Габриел. Во Софија се лути поради оваа одлука. 

Новата позиција на Шекеринска во НАТО особено е тема на дискусија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов. Одлуката на генералниот секретар Марк Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово, а оттогаш следат и многуте коментари.


„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“, ова е еден од насловите во бугарските медиуми, кој го одразува изненадувањето поради ваквиот исход. Во написите се нагласува дека Габриел, која има истакната политичка кариера како вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесарка, беше меѓу фаворитите за позицијата, особено со оглед на консензусот дека таа треба да припадне на жена од Источна Европа.

Бугарските медиуми укажуваат дека и други имиња, како поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорската министерка за одбрана Оливера Ињац, биле во трката, но изборот паднал на Шекеринска. Сепак, доминантна е темата за тоа како кандидатот од Северна Македонија доби предност пред Марија Габриел, која важи за една од најпознатите политички фигури во Бугарија.

Одлуката на Руте е објавена утрово, а се истакнува дека Шекеринска, како поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана, ја извршувала функцијата токму во периодот на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО. 

Aмериканската претседателка Анџела Агелер, упати честитка до Шекеринска, но и до премиерот Христијан Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести