Незадоволните судии од Панчевски ќе сведочат пред Судскиот совет
Откако Судскиот совет ги повика на разговор судиите кои искажаа незадоволство од раководството на Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд, тие за медиумите откриваат дека се подготвени да го дадат својот исказ.
Ова за Телма го потврдија и претставници на Судскиот совет, но и блиски на 13-те судии кои се потпишаа на претставката за состојбите во Основниот суд Скопје 1 за што сметаат дека одговорноста ја носи Панчевски.
Вчера Судскиот совет преку соопштение ги повика судиите во понеделник да дојдат и да се сретнат со Комисијата на Судскиот совет надлежна за Кривичниот суд.
Слично
