Незадоволни граѓани во Стајковци запреле камион со хуманитарна помош
Група граѓани од поплавените места вчера му го попречиле патот на камионот со хуманитарна помош затоа што биле незадоволни од делењето на помошта.
Настанот во полиција го пријавила вработена во Црвен крст, а според нејзината пријава група граѓани му го попречиле патот на возилото во сопственост на општина Гази Баба, кое разнесувало хуманитарна помош во селото Стајковци.
На местото на инцидентот, полицајците затекнале група од околу 20 луѓе на различна возраст. Тие кажале дека камионот си заминал пред нивното доаѓање и дека немало никаков проблем, но сите биле незадоволни од поделбата на хуманитарната помош. И претходно имаше поплаки од граѓаните околу делењето на помошта.
Слично
