НЕВРОЛОГИЈА НЕМА УСЛОВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛНИ ОД КОВИД: Вработените упатија писмо до министерот Филипче
Од Клиниката за
неврологија потврдија за Фактор дека не се согласуваат со одлуката на
министерот Венко Филипче, интерното одделение да биде пренаменето за лекување
на пациенти болни од корона вирусот. Својот став, вработениете, односно стручен
колегиум од Клиниката за неврологија писмено го изразија и дописот му го
испратија лично на министерот Филипче. Во писмото наведуваат дека едноставно
немаат услови за пациенти кои се заразени со Ковид-19. Нивниот состанок е
одржан во петокот на 30.октомври, а во писмото наведуваат:
-Стручниот колегиум на состанокот зазема едногласен став дека клиниката не ги исполнува критериумите и условите за ковид центар поради тоа што тука се хоспитализираат пациенти со невролошки заболувања од целата земја кои добиваат адекватен специфичен третман кој не можат да го добијат во друга клиника/болница/установа. Доколку пациентите со невролошки болести (мозочен удар, епилепсија, епилептичен статус, мијастенија гравис, мултипла склероза, акутен полирадикулоневрит, трансферзален миелит, деменција, екстрапирамидни заболувања, болни синдроми) не се хоспитализираат, дијагностицираат и лекуваат на нашата клиника, многукратно се зголемува ризикот од морбидитет и морталитет од овие болести. Освен тоа, на Клиниката има централен систем за климатизација, која побрзо влијае за ширење на вирусот низ воздух, се истакнува во псмото до Филипче, стручниот колегиум на Клиниката за Неврологија.
Во продолжение е писмото во целост:
