Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ФИЛИПЧЕ ЗАЕДНО ОПЕРИРААТ НА НЕВРОХИРУРГИЈА: Д-р Владимир Рендевски, нов заменик министер за здравство

СО ФИЛИПЧЕ ЗАЕДНО ОПЕРИРААТ НА НЕВРОХИРУРГИЈА: Д-р Владимир Рендевски, нов заменик министер за здравство

Актуелниот директор на Клиниката за неврохирургија, доц. д-р Владимир Рендевски е новиот заменик министер за здравство. Одлуката е донесена на синоќешниот состанок на Централниот одбор на владејачката СДСМ, на предлог на премиерот и лидер на партијата, Димитар Ковачевски.

 – Д-р Владимир Рендевски, родум од Битола е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови. Од 2017 година ја презема функцијата директор на  Универзитетската клиника за неврохирургија Скопје. Д-р Рендевски како лидер на неговата работна група врши истражувања во Clinical Trials од областа на интрацеребрална хеморагија. Нивната најнова публикација е „Моделирање на прогностички фактори за слаб невролошки исход кај конзервативно третирани пациенти со интрацеребрална хеморагија: Фокус на TNF-α“.

Во неговата богата научна кариера, неврохирургот Владимир Рендевскиво 2019 година е добитник на награда за најдобар научен труд во категоријата на млади неврохирурзи, која се однесува на истражување модели за предвидување на клиничкиот исход кај пациенти кои имаат губиток на крв во циркулаторниот систем односно хеморагија.

Наградата ја доделиле експерти од Европската асоцијација за неврохирургија и Здружението на неврохирурзи во југоисточна Европа.

Инаку, д-р Рендевски е еден од најблиските соработници на поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче и во сиот изминат период, Филипче на неговата официјална страница на Фејсбук објавуваше фотографии од најтешките операции кои тие заедно со тимот на Неврохирургија ги изведуваа.

А.Б.


Слично

Поврзани вести