Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невремето во Струмица направи штети на пластениците

Невремето во Струмица направи штети на пластениците

Во Струмичко дуваше ветер со брзина од над 30 киломери на час и со повремени налети од над 50 километри, при што се направени штети на пластениците. 

Во атарот на селото Дабиле искината е фолијата на голем број пластеници, засадени претежно со зелка и други култури.

На улицата „Младинска“ во Струмица имало откорнато дрво од силниот ветер.

Од Центарот за управување со кризи во Струмица велат дека освен мал прекин на  снабдување со електрична енергија во селото Дабиле синоќа околу 21 часот, засега нема пријавени други проблеми предизвикани од синиот ветер.

Слично

Поврзани вести