Невремето стаса во Скопје: Грмотевици и силен дожд
Невреме со силен дожд го зафати попладнево Скопје. Врнежите се проследени со силни грмотевици.
Управата за хидрометоролошки работи најави дека попладнево времето ќе се промени и ќе има нестабилност.

„Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Во Скопје попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења и услови за појава на град, соопшти УХМР.
Слично
