Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕТО ПРВО ГО ЗАФАТИ РЕСЕН, ПОПЛАДНЕВО СЕ ОЧЕКУВА ДОЖД ВО СКОПЈЕ: Температурите драстично ќе паднат

НЕВРЕМЕТО ПРВО ГО ЗАФАТИ РЕСЕН, ПОПЛАДНЕВО СЕ ОЧЕКУВА ДОЖД ВО СКОПЈЕ: Температурите драстично ќе паднат

Ресен синоќа беше зафатен од изразена нестабилност, проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер.

-На повеќе места во Македонија ќе има и појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во Скопската котлина во попладневните часови, па се до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

Температурите секој нареден ден постепено ќе опаѓаат, па така најсвежо ќе биде во почетокот на следната седмица кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

фото: ФБ

Слично

Поврзани вести