НЕВРЕМЕТО ОД СКОПЈЕ СЕ ДВИЖИ КОН КУМАНОВО: УХМР предупредува на нестабилно време и на други места
Невремето кое ја зафати Скопската котлина проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град полека ја напушта и се приближува кон Куманово од југозападната страна, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
„По течението на Црна Река кон Тиквешкото езеро се движи силна нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, и наместа појава на град“, соопшти УХМР.

Слично
