Невреме во Скопје, реки по улиците и скршени дрвја
Силно невреме проследено со дожд и ветер попладнево го зафати Скопје.
Управата за хидрометеоролошки работи утрово најави нестабилно време со пороен дожд и грмежи и засилен ветер. Прогнозата од УХМР е слична и за во вечерните часови.
Силниот дожд ги поплави улиците и го отежна движењето на учесниците во сообраќајот.
Пред средното уметничко училиште „Лазар Личеноски" има паднато дрво.
Надлежните јавни претпријатија работат на расчистување на сообраќајниците во главниот град и нормализирање на сообраќајот.
Слично
