НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД: Паѓаше град со силен интензитет (ВИДЕО)
Се остварија преудпредувањата на ЦУК и на метеоролозите. Невреме го зафати Охрид претпладнево, паѓаше град со силен интензитет.
Денес со предупредување излегоа и од ЦУК.
„За време на викендот, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат распределени интензивните врнежи. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците за време на викендот“ истакнаа оттаму.
Слично
