НЕВРЕМЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА: Каде наврна најмногу дожд?
До 17 часот наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен во Крива Паланка, 12 во Берово, 6 во Виница, Штип, 3 во Ѓуриште, Струмица, 2 во Скопје Петровец, 1 во Демир Капија и помалку од 1 во Скопје, Претор, Тополчани, Маврово, Пожаране, Битола.
Условите за нестабилност најдоцна ќе се задржат на исток и особено на југоисток, а во првиот дел од ноќта врнежите ќе завршуваат. Ветерот ќе стивнува иако и преку ноќта ќе е по малку ветровито.
Умерено облачно ќе биде утре со повеќе облачност на северот, наутро свежо, а преку денот ветровито најмногу вдолж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.
Слично
