Невреме со град го погоди струмичко Ново Село
Струмичкото Ново Село попладнево го зафати невреме со град.
Градот паѓал околу 15 минути, а вакво невреме е невообичаено за овој период од годината. Има оштетени автомобили од градот. Во Македонија за денеска се најавени обилни врнежи од дожд. На некои места ќе паднат по 20 литри дожд на метар квадратен. Од утре се очекува и снег низ земјата.
Слично
