Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ: Силен дожд и грмежи во делови од Македонија

НЕВРЕМЕ: Силен дожд и грмежи во делови од Македонија

Во крајните источни планински подрачја попладнево имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. 

Нестабилна облачна маса од големи размери се разви во Пелагонија, Кичевско и во дел од Скопската Котлина преместувајќи се на исток кон Велес и Свети Николе, информираше УХМР.

Вечерва и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер. 

Во Скопската Котлина во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Времето утре ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната од 22 до 31 степени.

Слично

Поврзани вести