Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ: Реките се излеваат, поројниот дожд донесе проблеми!

НЕВРЕМЕ: Реките се излеваат, поројниот дожд донесе проблеми!
Водостојот на Вардар е зголемен по вчерашното невреме со пороен дожд кое ја зафати Македонија. Во центарот на Скопје реката е дојдена речиси до максималната кота. Надлежните смируваат дека нема место за паника и дека состојбата се следи. Во текот на ноќта најмногу дожд наврна во Скопје, за 24 часа 53 литри на метар квадратен, во Битола 35, во Берово 23, а во Дојран 8 литри на метар квадратен. Излевање на реките веќе има во кумановскиот и прилепскиот крај. Во Куманово се излеале Липковска Река и Кумановка. Поплавени се подрумски простори, оштетени се приватни земјоделски земјишта и фарми. „Поради неисчистено корито на Липковска Река дошло до нејзино излевање кај мостот на Шимско стопанство, при што поплавено е земјиште и приватна фарма. Реката се излеа и во наелба Средорек и улица „Октомвриска револуција“ при што има зафатено подруми на две згради. Реката Кумановка е излеана кај село Доброшани“, вели Тихомир Каранфилов од Центарот за управување со кризи. Во прилепско Кадино Село, урнат е насипот на реката, поплавени се земјоделски површини, а постои опасност водата да навлезе и во куќите. За настанатата сосотојба се известени надлежните институции на локалната самоуправа. ФОТО: Бриф
Слично

Поврзани вести