НЕВРЕМЕ, ПОРОЕН ДОЖД, СИЛЕН ВЕТАР - еве што би можело да не очекува во попладневните часови. НАЈНОВА ПРОГНОЗА
Најнова прогноза на метеорологот Славчо Поповски.
Еве што тој очекува и кои се неговите прогнози.
„Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, и на влажна и нестабилна воздушна маса, се до самиот крај на овој месец, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.
Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност и истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Повремено и локално до самиот крај на овој месец се очекуваат и ИНТЕНЗИВНИ врнежи (локално над 60 л/м2 воден талог). Можни се и локални ПОПЛАВУВАЊА.
Апелираме граѓаните и тоа во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така до самиот крај на овој месец ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можно е и НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Сепак ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од југ, па така и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, и тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината. Во Скопје и околината температурата во следните денови ќе се искачува до околу, или малку над 25 степени“, се вели во најновата прогноза на Славчо Поповски.
