НЕВРЕМЕ: Попладне и за викендот ќе имаме дожд
Во Македонија попладне се очекува невреме проследно со дожд и ветер.
Од Управата за хидро метеоролошки работи соопштуваат дека ќе биде нестабилно во северните делови.
Во недела времето ќе биде нестабилно претежно попладне.
Во источните делови на Македонија ќе има појава на пороен дожд и грмежи, но од понеделник се очекува претежно сончево време со побрз пораст на температурите.
Особено топло, според УХМР, ќе биде кон средината на работната недела. Температурите ќе се движат од минимални 13 степени во утринските часови до 40 степени.
Слично
