Невреме го зафати Охрид и откорна дрвја
Невреме го зафати Охрид при што има откорнати дрвја.
Паднатите дрвја го блокирале влезот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот.
„Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на Болницата“, соопшти претпријатието.
Паднато дрво имало и на улицата „ 7-ми Ноември“. Метеорологот Славчо Попоски најави дека деновиве ќе имаме невреме со можност да наврнат над 30 литри дожд на метар квадартен.фото ЈП„Охридски комуналец“
Слично
