Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ НЕГОТИНО: Едно дрво е уништено во центарот на градот

НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ НЕГОТИНО: Едно дрво е уништено во центарот на градот

Невреме имаше во Неготино, но нема поголеми штети. 

Невреме ја зафати попладнево општина Неготино, со дожд и силен ветер. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети.

„Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што евентуално би имало потреба од општинска поддршка и помош“, нагласи тој.
Од утре ќе имаме топлотен бран и температури и до 38 степени. За попладнево беше најавено дека во делови од Македонија ќе има услови за нестабилност. 

Слично

Поврзани вести