НЕВРЕМЕ ГО ПОПЛАВИ И КУМАНОВО: Граѓаните споделуваат страотни видеа
Невреме ги поплави кумановските улици.
Регионалниот ЦУК Куманово, утрово извести дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи, Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во с.Черкезе, додека ЈП ,,Водовод“, била на ул. Никола Вапчаров каде што известува дека подигнато реката и има поплава на улицата, и на ул. ,,Србо Томовиќ", бр.36, при што имало поплавени подрумски простори каде известуваат дека не можело да се реши веднаш случајот и треба самата вода да се повлече.
Слично
