Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невреме ги зафати делови на Скопје и Охрид со силен ветер и дожд

Невреме ги зафати делови на Скопје и Охрид со силен ветер и дожд

Невреме со посилен ветер, пороен дожд и грмотевици го зафати северозападниот дел на Скопје но, овој пат истото траеше околу десетина минути. Во делови од Скопје и натаму има дожд, но се чини дека бурата полека се стишува. Слично невреме го зафати и Охрид каде имало исто така силен јужен ветер и пороен краткотраен дожд. 

Управата за хидрометеоролошки работи попладне соопшти дека нестабилна воздушна маса доаѓа од албанското подрачје и се придвижува кон Македонија.

Нестабилна облачност има во југозападниот дел од државата и зафатени се Охридско-струшкиот и Дебарскиот Регион.

Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекува нестабилното време да ја зафати целата држава.


Слично

Поврзани вести