Невообичаено топли есенски денови - што не очекува идната недела?
Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 9 степени, а максималните од 19 до 25 степени.
Од утре продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури.
Со почетокот на наредната работна недела на повеќе места температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Невообичаено топли денови за овој период од годинава има и во земјите од регионот.
Слично
