Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВООБИЧАЕНО ЛАДНО УТРО, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ПОД ПРОСЕКОТ: продолжува променливото време, еве какво ќе биде следната недела

НЕВООБИЧАЕНО ЛАДНО УТРО, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ПОД ПРОСЕКОТ: продолжува променливото време, еве какво ќе биде следната недела

Метеопрогнозерите и за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец (над 60km/h).

- Во текот на ноќта кон денеска поради продор на поладен воздух од северозапад кој преку Алпскиот регион ќе пристигне во Македонија ќе донесе заладување проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец и тој најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Ќе има и поовремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет а на највисоките планински места во Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови за слаби врнежи од снег.

И во Скопје  и околината ни носи поголем пад на температурите  и засилен ветер од северен и од северозападен правец - пишува во објавата на Метеоаларм. 


Науто температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата ќе се спушти до околу 6 степени, а преку денот таа ќе се искачи до околу 19 степени.

- Да напоменам дека овој продор на поладен воздух од северозапад преку Алпскиот регион повторно ќе ни донесе пониски температури од просечните за месец Мај 2026 - нагласува Поповски во својата објава. 

Од Управата за хидрометеролошки работи, ја споделија и нивната прогноза за следните денови. 

И на почетокот на неделата на очекува променливо време, со поголеми шанси за засилен дожд во вторник, но и останатите денови во неделата.

- Продолжува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер - пишува во нивната објава споделена на социјалните мрежи.


 

Слично

Поврзани вести