Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невин сум, вели ексдиректорот на Затворот Скопје, Андов - Обвинителството вели дека имаат докази кои го говорат спротивното

Невин сум, вели ексдиректорот на Затворот Скопје, Андов - Обвинителството вели дека имаат докази кои го говорат спротивното

Поранешниот директор на Истражниот затвор - Скопје, Филип Андов-Сокол вели дека е невин. На денешното рочиште, посочи дека имал дискреционо право со наредба да изврши спровод на осуденици, онаму каде што од него е тоа побарано. Дека нема дело рече и неговиот бранител.

„Тоа не е погодност, тоа е молба што се извршени овие спроводи. Тоа е мое право кое сум го користел со право на Закон и било во целосно испочитувано, без никакви причини за нарушување на безбедноста на Затвор Скопје“, рече Андов по рочиштето.

Обвинителството пак, тврди дека имаат обезбедено докази во случајот против поранешниот директор на Истражниот затвор – Скопје, Филип Андов – Сокол и поранешни надзорници и затворски полицајци. Додаваат дека ексдиректорот и службениците како соизвршители сториле продолженото кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување.

„Спроводите кои што се вршеле во текот на работењето биле вршени во нивните домови. Тоа ќе се докаже и во текот на постапката. И од изведените докази на денешната расправа може јасно да се види“, вели обвинителката.

Во обвинението е наведено дека обвинетите од март до јули 2024 со умисла направиле повредена на законот, односно на петмина осуденици им дозволиле да бидат спроведени до своите домови и до други локации за приватни потреби.

Слично

Поврзани вести