Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невакцинираните збунети, во кои објекти Владата не им дозволува пристап од 16 август

Невакцинираните збунети, во кои објекти Владата не им дозволува пристап од 16 август


Невакцинираниот дел од јавноста остана затечен по одлуката на Владата на синоќешната седница од 16 август да им биде забранет влез во угостителски објекти и во објекти каде што се одржуваат настани а истовремено таму има повеќе од 30 присутни. И оние прележаните, како и оние кои немаат намера да примат вакцина против Ковид-19 прашуваат за кои објекти поточно станува збор.

„Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено“, се вели во донесената одлука.

Од овој датум целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.



Слично

Поврзани вести