Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невада руши рекорди со легализираната марихуана

Невада руши рекорди со легализираната марихуана

Сојузната држава Невада од САД веќе една недела функционира со законот за легализирање на рекреативната употреба на марихуана и се проценува дека има заработено околу 1 милион долари од продажбата која е строго регулирана. 

Регистрираните диспензери на марихуана пак, се проценува дека за 7 дена заработиле околу 3 милиони долари. Исто така зголемен е бројот на посетители од околните сојузни држави кои прават туристички патувања за да купат легална марихуана. 

Сега Невада покрај коцкањето во блескавиот Лас Вегас ќе има значајни приходи и од продажбата на марихуана која пак, веќе ја снемува од залихите и затоа се формираат колони на редови пред официјалните продавници. Невада е петта сојузна држава во САД која целосно ја легализираше употребата на марихуана, како за медицинска така и за рекреативна употреба. 

Слично

Поврзани вести