Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неуспешен обид да се спречи поставување на шатори пред собрание-протест со камп

Неуспешен обид да се спречи поставување на шатори пред собрание-протест со камп

Неуспешен беше обидот на обезбедувањето на Град Скопје да го спречи поставувањето на камп шаторите во Жена паркот во близина на Собранието.

Уште на самиот почеток на собирот се случи инцидент, имено непознато лице, без претходно да се легитимира, се обидело да ги сруши шаторите на присутните.

„Дојде момче, за кое отпосле констатиравме дека бил вработен во Град Скопје, но не се легитимираше и почна да ги руши шаторите. Прво не сакаше да се легитимира, а потоа кажа дека требало да се поправаат плочките. Имаше дете во шаторот, а тој зема да трга. Ако во оваа земја, ние родителите и децата со посебни потреби не сме пожелни, нека кажат да бараме азил“, изјави претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков.

Родителите на децата со попреченост во развојот поставија шатори во знак на револт поради нерешените проблеми на кои со години им укажуваат на надлежните.

Шаторите од денеска до следните три дена ќе останат во паркот спроти Собранието а собирот е организиран од здружението „Сплотени срца“.

Од ова здружение велат дека целта им е да бидат видливи за политичарите и да ги запознаат истите со секојдневните проблеми на овие деца. 

Протестот доби поддршка од Хелсиншкиот комитет за човекови права откаде што апелираа МВР да презеде мерки со кои ќе се заштитат овие лице за време на протестите.

Фото: Макфакс

Слично

Поврзани вести