НЕТПРЕС ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА УАПСЕНИТЕ: „Сите се вработени во УЈП“, пишува медиумот
НетПрес го дозна индентитетот на лицата коишто се лишени од слобода и лицата кај коишто се вршени и се вршат претреси и во текот на денешниот ден ќе се изведуваат пред судија на претходна постапка.
Спроед извори од истрагата, за овие лица може да биде одредена и мерка притвор, а станува збор за
Александар Шутов
Александар Марков
Елисавета Маркова
Адриано Дебников
Џелал Мустафа
Кадифе Исмаили
Раиф Елези
Марјан Марковиќ од Србија
Лица лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, на кои им се изречени мерки на претпазливост се:
Елена Тафчиевска
Кристијан Јовановски
Александар Пехчевски
Гоце Веселиноски
Кети Камилоски
Ваљбона Азири Исмаили
Зухрије Реџепи
Сања Гиевска
Тања Настеска
Сите горенаведени се вработени во УЈП Скопје, спроед истите извори.
Од вчера попладне, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава.
Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавуваат во текот на денот.
