Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕТО ПЛАТАТА ВО ДЕКЕМВРИ ПОРАСНА И НАДМИНУВА 43 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - административците имаат најголем раст

НЕТО ПЛАТАТА ВО ДЕКЕМВРИ ПОРАСНА И НАДМИНУВА 43 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - административците имаат најголем раст

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември минатата година изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13,2 отсто, Транспорт и складирање за 12,3 проценти и Рударство и вадење на камен за 12 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС. 

За споредба просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, изнесувала 41.999 денари.

Просечната бруто-плата во декември 2024 година достигна 65.582 денари.

Слично

Поврзани вести