Економија, финансии, бизнис

Контакт

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Магдалена Несторовска повторно ќе биде државна секретарка во Министерството за внатрешни работи.

Оваа информација денеска ја потврдија и од ресорот на Оливер Спасовски, откако Несторовска вчера била именувана од Владата.  

„На вчерашната седница, Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за внатрешни работи, ја именуваше м-р Магдалена Несторовска за државна секретарка во Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.

Несторовска ја извршуваше истата функција и во периодот од 2017-2020.

Инаку, на Несторовска во тој период и се случија во два наврати и многу невообичаени настани. 

Од нејзината мејл адреса во МВР се испраќаа лажни покани. На крајот на јули годинава до повеќе адреси, меѓу кои и до медиумски куќи, дека се повикани во полиција.

Ова не беше прв пат да стигнуваат вакви мејлови. МВР демантираа дека ги испраќаат, односно дека се работи за лажни покани во кои е злоупотребен мејлот на МВР. 

Имено во април лани исто така Несторовска реагираше дека ова е фалсификат и дека се прави за да предизвика немир. Таа рече тогаш дека полицијата не повикува граѓани во полиција.

„Добро утро, ова е да ве информираме дека сте поканети во полицијата на Република Македонија за тековна истрага за измама во банка. Детали за поканата можете да ги најдете во приложениот PDF документ. Оваа порака е последна покана затоа што ние ќе го извршиме вашето апсење ако не ја исполните оваа покана. Со почит, Магдалена Несторовска“, стоеше во мејловите.

Слично

Поврзани вести