Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСТАБИЛНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Во овие региони ќе има дожд

НЕСТАБИЛНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Во овие региони ќе има дожд

Во попладневните часови во западните планински подрачја имаше развој на нестабилна облачност и појава на локален пороен дожд и грмежи. 

Поизразена нестабилност попладнево имаше во Преспанскиот регион. Подоцна од Косово се спушти поголема нестабилна воздушна маса, која предизвика поизразена нестабилност во подрачјето на Шар Планина и Тетово, а подоцна се прошири кон Скопската котлина, но се задржа само во западниот и северниот дел. Во Скопје дуваше на моменти силен ветер, кој на мерното место Зајчев Рид достигна брзина од 70 км/час. Нестабилно попладнево е и околу Македонски Брод, Крушево и Јакупица, како и во подрачјето на Кратово-Пробиштип-Св. Николе.

Нестабилното време се преместува кон југоисток, па така услови за краткотраен дожд и грмежи ќе има и во други делови од земјава. Во вечерните и ноќните часови времето ќе се стабилизира и облачноста ќе се намалува.

До вторник времето ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса и ќе има секојдневен пораст на дневната  температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од Македонија ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.

Слично

Поврзани вести