Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нестабилно време и денес, еве кои региони да очекуваат најмногу пороен дожд

Нестабилно време и денес, еве кои региони да очекуваат најмногу пороен дожд

И овој петок времето ќе биде нестабилно ширум државата.

Синиптичарите од УХМР најавуваат нестабилно попладне, а најизразена нестабилноста ќе биде во западниот регион каде се очекуваат поројни дождови, грмежи и ветер.

Максималната дневна температура денес ќе се искачи до 33 степени.

Умерено облачно ќе биде во Скопје.

Во главниот град максималната дневна температура ќе биде 32 степени. Нестабилно попладне се очекува и овде.

Најавата на метеоролозите е дека нестабилното време ќе се задржи до сабота, кога дневната температура ќе биде во пораст.

Услови за нестабилност од недела ќе има претежно во западниот регион, а понеделник се најавува нестабилно ширум земјава.

Слично

Поврзани вести