Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Несреќо скопска“ и „фејк политичар“: Продолжува војната Шилегов - Апасиев

„Несреќо скопска“ и „фејк политичар“: Продолжува војната Шилегов - Апасиев

Продолжува јавното препукување меѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и лидерот на левица Димитар Апасиев. Темата е паркирањето и пајак службата на град Скопје, а откако беше подигнато и возилото на Апасиев.
Последна денеска е реакцијата на Апасиев кој тврди дека ист член од закон до пред една година бил толкуван различно кога паркинг местата на жителите во една зграда се во прашање.
„Па шо не кажуеш у јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин - нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место у зграда, на скопјани си им наплаќал 5% ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18%, без притоа да има никакви законски измени у меѓувреме!?

Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој кошта 2.000 ЕUR, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок, стои во објавата во која има и други квалификации за Шилегов. 


Вчера Шилегов напиша:


А приказната почна откако Апасиев објави дека скопската пајак служба „работи во спрега со урбаната мафија“. Од кабинетот на градоначаникот Петре Шилегов испратија соопштение и фотографија со казната на Апасиев.

„Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“. Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса. Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот, стои во соопштението.

Се додава дека за службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.


А Апасиев претходниот ден напиша дека во неговото маало, во Аеродром, забележувал дека скоро секое утро по пет-шест пајак возила им ги креваат колите на станарите од пред зграда, на тој начин директно терајќи ги да купуваат паркинг места од инвеститорите и градежните компании.


Слично

Поврзани вести