НЕСРЕЌА ВО ВИНИЧКО БЛАТЕЦ: Петнаесетгодишник со мопед удрил во дете и му нанел тешки повреди
Mотоциклист од виничкото село Блатец на возраст од 15 години вчера во селото удрил во дете-пешак и тешко го повредил, по што избегал од местото на несреќата. Детето е однесено во болница.
„На 1 мај 2025 во 20:10 часот во Полициската станица Виница е пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблички, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од полицијата.
Екипа на ОВР Виница извршила увид на местото на настанот.
Слично
