Економија, финансии, бизнис

Контакт

Несреќа на Табановце: Камион урнал пасошка кабина, повреден полицаец

Несреќа на Табановце: Камион урнал пасошка кабина, повреден полицаец

На граничниот премин Табановце вчера во 19 часот товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Радовиш удрило во кровната конструкција од кабината за пасошката контрола и целосно ја оштетило. Возилото било управувано од  55 годишниот К.Г. од Радовиш.

Во несреќата настрадал полициски службеник кој работел на пасошка контрола во кабината. Тој  се здобил со повреди на левата рака од искршените стакла и итно бил пренесен во  Општа болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

На местото на настанот е извршено увид од страна на екипа од СВР Куманово.


Слично

Поврзани вести