Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСРЕЌА НА ГАЛИЧИЦА – ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИ ХОЛАНЃАНЕЦ СО ПАРАГЛАЈДЕР: Во тек е спасувачка акција на полицијата со хеликоптер

НЕСРЕЌА НА ГАЛИЧИЦА – ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИ ХОЛАНЃАНЕЦ СО ПАРАГЛАЈДЕР: Во тек е спасувачка акција на полицијата со хеликоптер

Попладнево при спуштање со параглајдер од падините на планината Галичица тешко се повредил холандски државјанин.

-Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасувачите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се упатени на планината Галичица. Тие се подготвени за уште една спасувачка акција, откако денеска (02.08.2023) во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.  Од МВР потврдуваат дека во тек е спасувачка акција од страна на нивни припадници, а повеќе инфо по завршување на активностите, соопшти СВР Охрид.

ФОТО: EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Слично

Поврзани вести