Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСРЕЌА ЛАСКАРЦИ: Заштитната ограда не можела да ја издржи силината со која возел автобусот на „Дурмо турс“

НЕСРЕЌА ЛАСКАРЦИ: Заштитната ограда не можела да ја издржи силината со која возел автобусот на „Дурмо турс“

Трагедијата која минатата година во февруари однесе во смрт 16 човечки животи не можела да биде избегната во никаква околност.

Ова го тврди градежен вештак кој денеска беше сослушуван на рочиштето за кобната несреќа која се случи кај Ласкарци.

Автобусот на Дурмо турс возел десет пати посилно од она што можела да го издржи заштитната ограда која меѓудругото не била соодветно поставена, патот не бил добро одржуван а одбојниците немале доволно шрафови и истите би биле многу поцврсти доколку биле поставени на бетон, наместо на земја.

Сепак и да не постоеле погоре наведените неправилности, несреќата ќе се случела под други околности а автобусот би удрил подолу.

Слично

Поврзани вести