Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСРЕЌА: Двајца мажи паднале во провалија на трим-патека

НЕСРЕЌА: Двајца мажи паднале во провалија на трим-патека

Вчера, доцна попладен, двајца мажи паднале во провалија на трим-патеката што води од градот кон манастирот „Свети Илија“при што се здобиле со повреди.

Според очевидци, првиот по падот успеал да се задржи на едно дрво во провалијата на само 4 метри од патеката, а другиот бил во дол длабок 25 метри.

На местото настанот интервенирале две екипи на Противпожарната единица на Струмица, кои успеале да ги извлечат настраданите и да ги транспортираат во болницата во Струмица.

Според информации оттаму потешко повредениот е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на настанот увид извршиле екипи на СВР Струмица и Основното јавно обвинителство.


Слично

Поврзани вести