Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСМАСНА ИЗЈАВА НА АХМЕТИ: Ние сме земја без име

НЕСМАСНА ИЗЈАВА НА АХМЕТИ: Ние сме земја без име

Ние сме земја без име, со привремена референца, која се труди да го добие името кое и припаѓа, изјави за грчката телевизија „Скај“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Оваа изјава наиде на реакции. 

Вицепремиерот Бујар Османи  вели дека оваа изјава е дадена во позитивен контекст,  а се однесувала на името на државата во меѓународните институции. 

 „Изјавата на Ахмети беше дадена во позитивен контекст. Во смисла дека Република Македонија во меѓународните институции реално е признаена под референцата ФИРОМ, која ниту е желба на граѓаните ниту е прифатена од граѓаните ниту е постојано решение. Буквално во меѓународните институции ние имаме некое привремено решение, ние немаме име. И во тој контекст господинот Ахмети вели дека преговорите се однесуваат на решавање на тој спор и замена на референцата со име кое што ќе биде трајно“- вели Османи.

Османи рече дека изјавата на Ахмети се однесува на решавање на спорот и замена на референцата со трајно име на државата.

Запрашан за тоа дали би поддржал одредени промени во Уставот доколку преговорите за името тргнат во таа насока, Ахмети истакнува дека владејачкото мнозинство е подготвено на тоа бидејќи постои цврста решеност за интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ.

Ахмети Владата ја окарактеризира како реформаторска и додава дека кај неа постои вистинска волја да се затвори 25-годишниот проблем меѓу Скопје и Атина.

Слично

Поврзани вести