НЕСЛАВЕН РЕКОРД: Македонија e трета во светот по бројот на починати од корона
Македонија трета во светот по бројот на починати од коронавирусот на 100.000 жители.
Земјава се најде во светскиот врв според стапката на починати од ковид-19 во последниве седум дена. Според статистиката објавена на „Financial Times“, Македонија е на третото место со две починати лица на 100.000 жители во последната недела. Пред нас во ова рангирање се Унгарија која е прва со 2,44 починати на 100.000 жители, додека на второто место е Босна и Херцеговина со 2,31 починати. Во оваа рангирање пред Македонија се Турција, Јордан, Естонија, Полска, Кипар, Србија, Унгарија, Бахреин, Уругвај и Куракао, земја која бележи најголем раст на инфицирани со коронавирусот во последните седум дена.
Со 12.100 вакцинирани граѓани со првата доза, што опфаќа само 0,7 отсто од населението, Македонија е меѓу земјите чии процес на вакцинација е многу послаб и побавен.
На табелата на угледниот Економист, сепак, после нас има и полоши држави во поглед на вакцинацијата, односно со 0,6, 05, па дури и 0,1 отсто од населението кое е досега вакцинирано со првата доза.
foto freepik
