„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск
По повод смртта на поглаварот на римокатоличката црква, Папата Франциск, се огласи професорката Билјана Ванковска.
„Вчера прати Велигденска порака ширум светот, денес си замина. Папата Франсис ќе остане запаметен како редок верски лидер со своите напредни ставови во конзервативна средина и збудален милитаризиран свет.
Мојата почит за него е поради секогаш јасно искажаните ставови против нееднаквоста, сиромаштијата, па дури и апелот да не се осудуваат атеистите за нивните ставови.
Но, најмногу од се' треба да се памети дека на неколку часа пред да замине на оној свет тој повторно повика на мир во Газа! Тој беше и за мир во Украина и ширум светот.
Нешто ми зборува дека ваков Папа тешко дека ќе влезе во Ватикан повторно“, напиша таа.
Слично
