Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нешковски починал во сообраќајка, членови на СДСМ се простуваат од него

Нешковски починал во сообраќајка, членови на СДСМ се простуваат од него

Во сообраќајката која попладнево се случи на улицата „Френклин Рузвелт“ почина пулмологот Трајче Нешковски (32), кому му се слошило и со автомобилот се забил во дрво. 

Тој со Брза помош е пренесен на Ургентен центар, каде што починал. 

Докторот е од ковид тимот од Козле. 

Членови на СДСМ се простија од него. 

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се прости со Трајче Нешковски кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“.

-Со голема жал се простуваме од Трајче, наш партиски другар и крајно посветен доктор кој беше тука за пациентите во буквално секое време. Даваше сè од себе работејќи во ковид центарот и периодов помогна на огромен број луѓе. За нас кои го познававме загубата е голема, а уште поголема е за здравствениот систем кој загуби врвен професионалец. Почивај во мир Трајче, напиша Николовски на Фејсбук.

Сочувство изрази и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Министерот за здравство, Венко Филипче напиша дека изгубиле доктор и пријател кој дал многу во борбата со коронавирусот. Вели дека Нешковски е негов колега на кој секогаш ќе биде горд. 

Слично

Поврзани вести