Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нешков: Mакедонските власти не треба да дозволат еден човек од опозицијата да ја решава судбината на земјата

Нешков: Mакедонските власти не треба да дозволат еден човек од опозицијата да ја решава судбината на земјата

Новинарот од Бугарија, Љубчо Нешков  во разговор за БТВ емитуван во петокот сподели детали од разговор што го имал со, како што вели, „најблискиот човек на поранешниот премиер Никола Груевски“ и човек што можеби „командува со македонската опозиција“.

„Пред два дена (на 16 август н.з.) кај мене беше можеби човекот кој командува со опозицијата во Македонија и најблискиот човек на Никола Груевски. И во нашиот разговор за тоа што треба да се случи, дали треба да се поддржи, тој со таков бес и жестина повикуваше на избори и распуштање на парламентот што во еден момент не слушаше никакви аргументи. И кога го прашав што ќе случи во моментот кога вие ќе бидете одделени од Македонија (Албанија – н.з.), тој кажа дека две години ќе играме така, а потоа ќе ја смениме плочата. Таа плоча не е македонска, таа плоча е туѓа и Македонија и македонските политичари и македонските власти не треба да дозволат еден човек од опозицијата да ја решава судбината на земјата за децении нанапред“, вели Нешков.

Нешков рече дека опозицијата нема аргументи.

„Таа зборува за бугарски диктат, за бугаризација, за албанизација, зборува сега заедно со Вучиќ во еден глас. Тоа не се аргументи во корист на Македонија. Опозицијата во моментот штити туѓи геополитички интереси“, рече Нешков.

Неизвесно е дали ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени. 

Спикерот Талат Џафери на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за пристапување кон измени на Уставот.

 Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести