Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕСЕКОЈДНЕВНО: При расчистување отпад на Вардариште пронашол 500 евра

НЕСЕКОЈДНЕВНО: При расчистување отпад на Вардариште пронашол 500 евра

Aктерката Ирена Ристиќ oткако направи повеќе акции за расчистување на сметот во Скопје, секојдневно на официјалната Фејсбук-страница објавува интересни приказни.

Последната покажува дека во ѓубрето навистина „лежат“ парите.

Младо момче при расчистување отпад на депонијата Вардариште нашло 500 евра, односно искината банкнота од 200 и три од по сто евра.

Една учесничка во расчистувањето презела обврска парите да ги замени во народната банка во Виена, па сега го бараат момчето, кое ја заслужи наградата.


Слично

Поврзани вести