Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нерешено гласање за одземање на имунитетот на Вељаноски

Нерешено гласање за одземање на имунитетот на Вељаноски

Комисиската расправа за имунитетот денеска заврши со нерешено гласање.

Со четири гласа  „за“ и четири „против“ пратениците ја завршија расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.

Извештајот од расправата на Комисијата за имунитетно - мандатни прашања најверојатно ќе се разгледува на собраниска седница во текот на утрешниот ден. Комисијата содржи 9 члена, но за време на гласањето бил отсутен пратеникот од ДУИ Агим Шаќири.

Во членот 54 од Деловникот е наведено дека врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.

Слично

Поврзани вести