Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Забрана за патување на повеќе патни правци-еве каде да внимавате!

НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Забрана за патување на повеќе патни правци-еве каде да внимавате!

Снегот кој во текот на вчерашниот ден почна да врне повторно ги отежнува условите за патување.

Доколку патувате утрово имајте на ум дека зимска опрема е задолжителната .

Според последните информации на Автомото сојузот од 6 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Патниот правец Македонски Брод - с.Здуње на кој гравитираат 11 села, веќе трет ден не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси.

Сообраќајот на патиштата се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот.

Слично

Поврзани вести