Економија, финансии, бизнис

Контакт

Непрооден е пат во прилепско

Непрооден е пат во прилепско

Од АМСМ информираат дека регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

„Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента“, информираа од АМСМ. 

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути.

Слично

Поврзани вести