НЕПРОЦЕНЛИВО: Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска за прв пат во официјален албум
Колекционерите на албуми од големите фудбалски натпреварувања од денеска за прв пат ќе може да го имаат првиот официјален за EURO 2020 со хероите од македонската фудбалска репрезентација
„Панини“ објави дека од денеска ќе биде достапен во Продавницата за странски списанија Свет, а од утре во поголем број продажни места во Скопје, додека во текот на идната недела ќе продолжи интензивна дистрибуција низ целата држава.
„Среќно детство! Новиот албум на Панини никогаш повозбудлив. МАКЕДОНСКАТА репрезентација во култниот албум за прв пат отпечатен во 1970. Повторно чувствувајте се како дете! Тоа е магијата на „Панини“, објави Фудбалската федерација на Македонија.



Слично
