Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕПОЗНАТ МАЖ ПРСКА ПО ВЛЕЗОВИ СО КОЈ ЗНАЕ КАКВА ТЕЧНОСТ - станари од Тетово живеат во страв

НЕПОЗНАТ МАЖ ПРСКА ПО ВЛЕЗОВИ СО КОЈ ЗНАЕ КАКВА ТЕЧНОСТ - станари од Тетово живеат во страв

Чудно видео се шири на социјалните мрежи. На него се гледа како непознат маж прска со непозната течност по влезови, а граѓаните се вознемирени.

„Ова говедо денеска во 19.30 часот во влезот на зградата каде што живеат преку 300 лица каршија Спортски центар прска со непозната супстанца на вратата и бега. Пријавен е во полиција и доколку некој го препознае слободно да ме контактира. Ѓубре едно кој знае со што прскал и од кои мотиви загрозува 300 станара (64 стана) споделувајте“, напишал еден од станарите на зградата на својот фејсбук-профил.


Станарите од оваа зграда потоа со средство за дезинфекција ја чистеле вратата. 

Според нив, овој анонимен маж ваквата „дејност“ ја направил и претходно, а тие живеат во страв затоа што ниту знаат со што прска ниту зошто го прави тоа.

Инаку, видеото е снимено од безбедносната камера на влезот во зградата.

Слично

Поврзани вести