Непотизам и во пониските инстанци: Член на Инспекцискиот совет си го вработила синот
До редакцијата на „Цивилмедиа“ пристигнала дојава дека Јулијана Силјановска в.д. член на Инспекциски совет надлежен во областа на надзорот на пазарот, работни односи и безбедност и здравје при работа си го вработила синот како помлад инспектор за труд во Државен инспекторат за труд во Битола.
Според дојавата, постои конфликт на улоги во овој случај бидејќи во овој случај мајката како член на највисоката инспекторска инстанца во Македонија можела да има влијание во издавањето на лиценцата и за време на испитот кој го спроведува самиот Инспекцвиски совет.
Станува збор за самостоен државен орган кои е замислен како контролно тело на сите инспекторати, односно за континуирано следење на успешноста на инспекторите, спроведување на испит за инспектор, издавање и одземање на лиценца на инспектор, водење на дисциплинска постапка против инспекторите итн.
